Дерби во Кавадарци за петтото место во Супер-лигата

562

Денеска ќе се одиграат три меча од седмото коло во Супер-лигата, а во центарот на вниманието е пресметката во Кавадарци каде ГРК Тиквеш е домаќин на Бутел Скопје, дуел кој е закажан во 18 часот.

Бутел Скопје има бод повеќе (6) и се наоѓа на петтото место со скор од три победи и три порази, додека пак кавадарчани имаат две победи, реми и пораз. Избраниците на Горан Кузманоски ќе имаат шанса да се зацврстат на „петката“ пред директниот конкурент и да му избегаат со три бода, додека пак кавадарчани ќе направат важен скок, но и ќе забележат важна победа во сезоната која не ја почнаа најдобро.

На останатите мечеви, Прилеп е домаќин на Вардар, додека пак Пролет го пречекува Куманово.

12.10.2024 – САБОТА
18:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:30 часот РК ПРИЛЕП – РК ВАРДАР 1961
18:30 часот РК ПРОЛЕТ 62 – МРК КУМАНОВО
13.10.2024 – НЕДЕЛА
13:30 часот РК СТРУГА – РК РАДОВИШ
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГРК ОХРИД
ПретходноРоманци и Албанци се степале на градилиштето на „Камп Ноу“
СледноВарди мора да си оди од Лестер поради неговата сопруга!