По подолго време Србија одигра на своето ниво, одигра одлично и со 2:0 вечерва во Лесковац успеа да ја победи силната Швајцарија. Ова беше меч од А Лигата на Нации во групата 4.
Момците на селекторот Драган Стојковиќ Пикси одиграа неверојатно борбено, јасно беше дека имаат и тоа каков мотив плус против стариот должник, Швајцарија. Се разбира дека тука беше и Гранит Џака, капитенот на гостите кој постојано беше цел на свирежи од 8.000 публика.
Србија поведе со автоголот на Елведи во 45+1.минута за да потоа капитенот Александар Митровиќ постигна супер гол за конечни 2:0. Србија имаше шанси и за поубедлива победа, сепак треба да се каже дека во последните 10-15 минути Швајцарците имаа шанси за намалување на резултатот а во 72.минута Емболо не реализира пенал, поточно српскиот голман Рајковиќ му го одбрани ударот од единаесет метри.
Во ложата беше е претседателот на Р. Србија, Александар Вучиќ кој не го криеше своето воодушевување од тоа што го гледа долу на теренот.