Манчестер Сити потврди дека Чики Бегиристајн ќе се повлече од функцијата директор на крајот од сезоната 2024/25. На негово место ќе дојде Хуго Виана, кој моментално е во Спортинг Лисабон, извршувајќи идентична работа. Извесен период Шпанецот и Португалецот ќе работат заедно за да обезбедат непречена транзиција.
Бегиристајн му се приклучи на Манчестер Сити на крајот на октомври 2012 година. Пред тоа работеше како спортски директор на Барселона (2003-2010).