Слот размислува за две засилувања во јануари

128

Холандскиот стручњак на клупата на Ливерпул, Арне Слот ќе се обиде да донесе ново засилување во составот на „црвените“ уште оваа зима. Според шпекулациите во Англија, Слот во моментов разгледува две опции, па затоа наскоро ќе испрати свои скаути да ги гледаат натпреварите на Севиља и Спортинг.

Станува збор за 24-годишниот Французин Лоик Баде, односно 23-годишниот Португалец Гонзало Инасио, за кои Слот е сериозно заинтересиран. Фудбалерот на Севиља е со валиден договор до 2029 година и е проценет на најмалку 20 милиони евра, додека фудбалерот на Спортинг има договор до 2027 година и за него Ливерпул ќе треба да плати најмалку 45 милиони евра.

ПретходноРустемовски со победа го отвори настапот на ЕП во Софија
СледноОФИЦИЈАЛНО: Хуго Виана е нов спортски директор на Манчестер Сити