Тренерот на Париз со комплименти: Шортс е ѕвер на теренот!

136
Фото: Pars/Basketball

Македонското дерби во Евролига му припадна на Ненад Димитријевиќ кој со неговиот Олимпија Милано славеа против Ти-Џеј Шортс и Париз со 79-72. За италијанскиот тим ова беше прва победа оваа сезона, на другата страна францускиот состав го запиша вториот пораз.

Во редовите на гостинскиот табор Шортс беше најефикасен со 17 поени и 8 скока. Беше вистински лидер на теренот, но неговата игра не беше доволна за голема победа. По мечо тренерот на Париз, Тијаго Сплитер не штедеше зборови за него.

„Ти-Џеј е ѕвер на теренот, тој е еден од најталентираните плејмејкери што некогаш не сум ги видел во животот. Ја познава играта, ги чита ситуациите, може да поентира, да додава, да биде лидер. Сето тоа го прави на највисоко ниво. Кај него не постои разлика кој е на другата страна, тој секогаш ја игра својата игра“, изјави Сплитер.

Во следното коло, Париз го дочекува Панатинаикос, додека пак Олимпија Милано гостува кај Олимпијакос.

ПретходноФранцуската јавноста е бесна на Килијан Мбапе
СледноКостоски: МЗТ е квалитетен тим, но ние играме на домашен терен!