ГРК Охрид сам ќе одлучи дали Алкалоид ќе осамне на врвот!

427
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Денеска се играат последните два натпревари од седмото коло во Супер-лигата. Во центарот на вниманието е дуелот во Битола каде бранителот на титулата Пелистер и ГРК Охрид ќе ги одмерат силите.

Избраниците на Стевче Алушовски до овој дуел се без пораз, имаат шест победи во толку одиграни меча, а доколку сакаат да го задржат чекорот со Алкалоид ќе мора со цел плен да си заминат од салата „Боро Чурлевски“. Пораз за нив ќе значи дека Алкалоид пред почетокот на осмото коло ќе биде единствен тим без пораз и ќе осамне на врвот на табелата.

На другата страна ракометарите на Пелистер по освоениот бод против Спортинг Лисабон, прв после 17 кола во низа, влегуваат со уште поголема самодоверба и мотивација, нивната цел е јасна – одбрана на тронот и оваа сезона.

Пред оваа средба силите ќе ги одмерат двата последно пласирани тима, Струга и Радовиш. Домаќинот има една победа, додека гостите се уште немаат освоено бод.

Резултати 7. коло: Бисинов – Алкалоид 22-40, Тиквеш – Бутел Скопје 23-24, Прилеп – Вардар 27-36, Пролет – Куманово 28-25.

13.10.2024 – НЕДЕЛА
13:30 часот РК СТРУГА – РК РАДОВИШ
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГРК ОХРИД
ПретходноСинер е победник во Шангај, Ѓоковиќ остана без јубилејот и без освоен турнир
СледноЈамал куцајќи го напуштил теренот (ВИДЕО)