Денеска во 18 часот на стадионот “Вазген Саргсјан“ во Ереван, во меч од 4.коло во Ц Лигата на Нации, во групата 4, Македонија и гостува на Ерменија во битката за првото место во групата.
По победата во Рига, а по ерменскиот кикс со Ф. Острови, во пресрет на денешниот меч нашата репрезентација има +3 бода во однос на Ерменците, и ако се знае дека во ноември дома играме со Летонија и Ф. Острови, тогаш денеска и реми во Ереван ќе биде сосема добро, само не пораз.
Од друга страна по двете врзани победи со Ерменија и Летонија на последните два меча, сега апетитите како да пораснаа. Избраниците на селекторот Благоја Милевски најавуваат дека и во Ереван ќе се оди на победа со желба ноемврискиот циклус да го пречекаме со +6 бода пред Ерменија, што секако дека ќе биде идеално.
Добра веста е што по одлежаната суспензија се враќаат стоперите Серафимов и Зајков, па ако не може Муслиу тогаш со овие двајца добиваме опции повеќе во дефанзивата.
Ерменија ќе си има свои мотиви, се знае дека во Скопје минатиот месец тогаш гостите и не одиграа така лошо а загубија, но Македонија и да не блеска, како тогаш, па и во петокот во Рига, има индивидуаелен квалитет да дојде до резултат кој и одговара посебно во оваа група 4 во Ц Лигата на Нации.
Во случај на пораз, посебно со два разлика, на кој не ни помислуваме, тогаш работите ќе се искомплицираат, е тогаш веројатно во ноември нема да зависи се од нас.
Сепак веруваме во ншите момци, во капитенот Барди и неговата дружина дека, полни со самодоверба по двете победи во низа, вечерва на “Вазген Саргсјан“ ќе одиграат како што треба и дека ќе дојдат барем до реми.
Судија на овој меч ќе биде Стјуарт Етвел од Англија.
Ц ЛИГА НА НАЦИИ, ГРУПА 4
ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО – ДЕНЕСКА
18:00 Ерменија – МАКЕДОНИЈА
20:45 Ф. Острови – Летонија
ТАБЕЛА
1.Македонија 7
2.Ерменија 4
3.Летонија 3
4.Ф. Острови 2