Хаос во големото ракометно дерби во Полска меѓу Висла Плоцк и Киелце, кое на крајот го добија домашните со 29:25.
Како што и секогаш кога играат овие две екипи, така и денеска во домашниот шампионат, тензии, грубости ни и гризење.
Како Луис Суарез да се појави во ракометна Полска.
А “канибалот“ беше некогашниот “вардарец“ Хорхе Македа, сегашен ракометар на Киелце, кој во еден момент при голема борба го ГРИЗНА домашниот ракометар Мирсад Терзиќ и по неколку минутно гледање на снимката, одлучено беше на Македа да му се додели син картон.
Ова значи дека Шпанецот го чека подолга суспензија.
Maqueda apparently just bit Terzic – and got the blue card after a video review.
🎥: Polsat#handball pic.twitter.com/ydSITScy4v— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) October 13, 2024