Пријателски: Ибраими во 89.минута донесе победа на Шкендија во голеадата со Арсими, Шкупи го совлада Лапи!

288

Попладнево се одиграа две пријателски средби во Тетово и во Скопје. Во градот под Шара, на стариот стадион, Шкендија со 4:3 го победи второлигашот Арсими. Во 89.минута резултатот беше 3:3, но тогаш Ибраими стрелаше за победа од 4:3.

Претходно головите за Шкендија ги постигнаа Љатифи, Шаља и Јакупи, а за Арсими стрелци беа Љутвиу, Шаќири и Шефити.

На Автокоманда во Скопје, Шкупи со 2:0 го победи косовскиот суперлигаш Лапи. Стрелци на головите за чаирчани беа Гуеје и Георг Стојановски.

ПретходноМакедонија во битка и за 1,5 милиони евра!
СледноМинаа три децении: Од времето кога се пишуваше историјата во октомври 1993! (ФОТО)