Роџер и Карлито: Минатото и сегашноста на трибините во Шангај!

79

Јаник Синер со одличен настап успеа да го победи Новак Ѓоковиќ во финалето и со тоа да го освои Мастерсот во Шангај. Значи ништо од јубилејниот 100-ти трофеј во кариерата или прв оваа сезона, ако не се сметаат ЛОИ во Париз.

Интересно финале, пред се во првиот сет, за да во вториот Италијанецот покажа зошто во моментов е бр.1 во светот на тенисот.

Инаку ова финале во Шангај од ложата го следеа и Роџер Федерер и Карлос Алкараз, секако дека во одредени моменти и дискутираа за тоа што го гледаат на теренот, но веројатно и за некои други теми.

Минатото и сегашноста, Роџер и Карлито.

За крај да кажеме дека Швајцарецот беше спедцијален гостин на овој турнир а Шпанецот пак загуби во 1/4 финалето од Томаш Махач.

ПретходноЈамал куцајќи го напуштил теренот (ВИДЕО)
СледноЛига на Нации: По срамот на “Вембли“, Англија на поправен во Хелсинки!