Три гола на Ристовска во поразот број три на Рапид Букурешт во ЛШ

61

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска и Рапид Букурешт го запишаа третиот пораз во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај Оденсе беа совладани со 31-24 во меч од петтото коло. По овој дуел тимот од Букурешт останува на седмото место во групата Б каде има една победа, реми и три порази.

Романскиот тим водеше кратко само на стартот, по што домаќинот одржуваше позитива од два до три гола. По 14-12 на одморот, Оденсе со серија од 4-0 поведе со 18-14 и ја започна својата доминација, поведе со 20-15 и до крајот само ја зголемуваше предноста.

Македонската репрезентативка, Ристовска беше стрелец на три гола од четири обиди.

ПретходноДешамп го брани Мбапе: Играчите во слободно време можат да прават што сакаат!
СледноМуслиу има скршеница на коска во стапалото, го чека пауза