Македонскиот првак, Ѓорче Петров не успеа да се најде во последната фаза во ЕХФ Европската лига. На Реванш мечот против Хорс на домашен терен славеше со 26-19, но тоа не беше доволно за сензација, бидејќи првата средба заврши со победа на гостинките од осум гола.
По изедначената игра во првото полувреме кое „лавиците“ го заврши со еден гол предност (13-12), избраничките на Симе Симовски беа на ниво на задачата во вториот дел, кој го добија со 13-7, но тоа не беше довлно за голема радост.
Дезиќ имаше десет гола, додека пак Муратовиќ беше стрелец на осум.