“Бомба“: Некогашен тренер на Дортмунд е главен кандидат за клупата на Јунајтед?!

190

Како што утринава пренесуваат медиумите на Островот, откако беа откачени од Симоне Инзаги, а Томас Тухел преговара со ФА за селектор на Англија, сега раководството на Манчестер Јунајтед има нов кандидат бр.1 за клупата.

Тоа е некогашниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ (41), кој се поврзуваше со Рома и Милано.

Во минатото Терзиќ има работено во ПЛ како помошник на Славен Билиќ воп Вест Хем.

Инаку Един Терзиќ минатата сезона го однесе Дортмунд до финалето во ЛШ каде беше поразен од Реал Мадрид, но засекогаш ќе биде запаметен кога во мај 2023 година на свој терен од Мајнц ја загуби титулата во Бундеслигата, која веќе му беше в џеб.

На овие шпекулации нема повратен сигнал од Манчестер Јунајтед, но јасно е дека Ерик тен Хаг тешко дека ќе доживее до крајот на година да остане на клупата менаџер на Јунајтед.

Гигантот од “Олд Трафорд“ ја игра најлошата сезона во историјата на клубот во последните три децении.

ПретходноЛига на Нации: По срамот на “Вембли“, Англија на поправен во Хелсинки!
СледноСтруга го победи Радовиш во дербито на дното!