Го отпишаа пред стартот на финалето: Ни самиот Ѓоковиќ не се сеќава кога бил вака потценет!

7435

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска од 10:30 часот ќе игра за својата стота титула во кариерата против најдобриот во светот – Јаник Синер. И додека за Ноле ова е само трето финале оваа година, тој го загуби финалето на Вимблдон и славеше на најважното на Олимписките игри, од друга страна, ова е можност Италијанецот да ја освои седмата титула во најдобрата сезона во кариерата.

Синер игра неверојатно, победи на 64 од вкупно 70 дуели, но има три порази од Алкараз, а никогаш не играше со Ноле. Ќе има шанса да ја „симне ѕвездата“ доколку го победи Ѓоковиќ, а се чини дека во тоа длабоко се уверени и обложувалниците.

Не се памети кога Ноле бил толку аутсајдер во финалето, евентуално на почетокот на кариерата, или кога играше на Ролан Гарос против Рафаел Надал…

Светските обложувалници даваат коефициент од околу 1,45 до 1,55 за победата на Јаник Синер, што доволно говори за тоа колку се сигурни во победата на Италијанецот, додека оние кои се обложиле на Ѓоковиќ ќе можат да заработат многу повеќе. Така, светските обложувалници даваат коефициент од 2,70 до 2,85 на Новак. Просто неверојатно.

ПретходноКукуреља: Ги намокрив гаќите од страв дека ќе судат пенал за Германија!
СледноМодриќ го прескокна Рамос, пред него е само Роналдо