Каратистот Стојановиќ се враќа со бронза од СП во Италија

61

Македонскиот каратист и член на карате клубот Макпетрол, Стефан Стојановиќ освои бронзен медал на Светското првенство за младинци во Венеција, Италија. За Стојановиќ ова е втор медал од младинските мундијали, бидејќи пред две години во Коња, Турција освои сребро.

Стојановиќ денеска во борбата за бронзениот медал во категоријата над 84 килограми во младинска конкуренција го совлада Николаи Секот од Германија со 3-2 и тоа со одличен пресврт откако противникот ги освои првите два поени.

Македонецот многу лесно можеше да се бори и во финалето, бидејќи во полуфиналната борба ремизираше 3-3 со Италијанецот Матео Аванзини, но победата му беше доделена на домашниот натпреварувач поради правилото, „прв освоен поен“. Тој има освоено и два медали од младинските Европски првенства, злато како јуниор и бронза во младинска конкуренција (У21). Стојановиќ моментално се наоѓа и на првото место на Светската карате ранг-листа.

ПретходноАнгличаните се опоравија од поразот со Грција, па триумфираа кај Финска (ВИДЕО)
СледноКенијката Чепнгетич го собори светскиот рекорд во маратон