Кер не го повика, Ирвинг се одлучи на радикален чекор!

92

Во списокот на кошаркарската репрезентација на САД за годинешните Олимписки игри во Париз го немаше Кајри Ирвинг (32), плејмејкерот на Далас Маверикс. Стив Кер со ваквата одлука изненади многу љубители на кошарката, а сега се шпекулира дека можеби Кер повеќе нема да може да го повика Ирвинг во репрезентацијата.

Како што пишува угледниот „The Athletic“, Ирвинг би можел да ја промени репрезентацијата. Со оглед на тоа дека е роден во Мелбурн, нема пречка да го носи дресот на Австралија на следните Олимписки игри 2028 година. Единствениот детал кој изгледа сомнителен во таа приказна е фактот дека Ирвинг тогаш ќе има 36 години, па под знак прашалник е колку ќе биде способен за ваков ангажман.

Ирвинг досега во својата кариера има освоено медали како дел од репрезентацијата на САД. Има златен медал од СП 2014 во Шпанија, а две години подоцна со САД го освои златото на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. За Далас Маверикс настапува од 2023 година, а претходно во кариерата настапуваше за Бруклин Нетс, Бостон Селтикс и Кливленд Кавалирс со кои ја освои и шампионската титула.

ПретходноЛН: Грците повторно славеа, Летонија освои бод во Торшавн
СледноМејно ќе потпише нов договор со „ѓаволите“