Грција ја совлада селекцијата на Р. Ирска со 2:0 и го потврди првото место во групата „2“ од Б – Лигата на нации. Вечерва Грците на домашен терен беа подобри од Ирците и ја запишаа четвртата победа во четири одиграни дуели во ова натпреварување, останувајќи на врвот во групата пред селекцијата на Англија. Бакасетас и Манталос погодија за Грција за победа вечерва во Пиреја.
Австрија си поигра со Норвешка и ја „петардираше“ со 5:1. Ова беше втора победа за Австрија во групата со која сега се израмни со идентични 7 бода по 4. кола со Норвешка и Словенија.
Фарските Острови и Летонија во нашата група одиграа нерешено 1:1 и ја оставија нашата селекција на плус 6 бода на врвот на табелата пред последните два меча во ноемврискиот циклус.