Македонија е на милиметри до Б Лига на нации и до плеј – оф мечеви за СП 2026!

552

Уф, колку е убаво кога се победува. Перфектен октомври, две победи без примен гол и двете на гости, врзавме серија од три победа и пак без примен гол. Сега полесно се дише.

Да, не блескавме и во Ереван, барем не до 70.минута, но тоа е најмалку важно. Поважно е што се победува, повжно е што сме на милиметри до заверка на првото место во групата 4 во Ц Лигата на нации. Поважно е што сме на милиметри до пласман во Б дивизијата во Лигата на Нации и најважно е што сме на милиметри до пласман во плеј – оф мечевите за СП 2026.

Имавме подеми и падови, но ништо чудно кога за Македонија играат и тие што немаат минутажа во своите клубови или пак воопшто не играат.

Секако за крај, пофалби за сите, но Исник Алими одигра одлично уште еднаш.

Нема што, во него добиваме класа играч во средниот ред, кој знае да даде супер гол, но и знае ако треба да игра и во дефанзивата.

Сега едвај го чекаме ноември, кога на мечевите дома со Ф. Острови и Летонија ни треба само една победа, можеби и само еден бод за ставање печат на првото место во групата.

ПретходноЈунајтед го продава Мегваер за сума што е осум пати помала од онаа што ја плати во 2019 година!
СледноЧаир и вторпат подобар од Каерженг за пласман во 2. коло во ЕХФ Евро Купот