На Пикси му засметаа скандирањата од трибините: Некој ако може да ми објасни, бидејќи не ги разбирам!

390

Србија ја победи Швајцарија со 2:0 во третото коло од Лигата А на Лигата на нации. Селектор на нашиот северен сосед, Драган Стојковиќ Пикси по победата изјави дека не ги разбира дел од реакциите на публиката во Лесковац.

„Дали некој ќе ми објасни нешто затоа што јас не разбирам баш најдобро. Водевме со 2:0 некаде во 80. минута и слушнав како некој вели „ајде, ајде, сите во напад“. Јас навистина не ги разберам овие работи Лука Јовиќ имаше шанса за 3:0, но тоа „ајде сите во напад“ ми е несфатливо, но добро.

Луѓето треба да сфатат некои работи, кога водите 2:0, дека сте организирани во одбраната, дека сте на вистинското место со нозете. Лесно е да се каже „ајде, тоа е симпатично“.

По три кола Србија е третопласирана, а во вторник гостува во Шпанија во Кордоба. Данска ја пречекува Швајцарија.

ПретходноНапред Македонија: Битка во Ереван за првото место во групата!
СледноПокетино ја врати надежта кај Американците: Беше тешко, но чувството е одлично!