Олимпија Милано ја доби драмата со Бреша, Димитријевиќ испорача 15 поени!

66

Олимпија Милано дојде до втората победа во италијанскиот шампионат, откако на домашен терен ја совлада Бреша со 88-85 во меч од третото коло.

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ беше прв стрелец во редовите на својот тим со 15 поени, три скока и 6 скока. Ист број поени имаше Шилдс.

Иако се чинеше дека мечот ќе заврши без проблем во корист на Олимпија, сепак неизвесноста не изостана. Тимот на македонскиот репрезентативец водеше со двоцифрени 72-60 пред крајот на третата четвртина, а потоа и со 76-55 на стартот на последниот период, сепак му дозволи на противникот да  Димитријевиќ постигна важни поени за 80-76, а потоа и за 82-78 на три минути до крајот.

Бреша не се откажа, намали на 86-85 на нешто повеќе од 30 секунди до крајот. Олимпија ја загуби топката, не искористи напад, но ниту гостите не се снајдоа, Шилдс оствари дефанзивен скока и доби две слободни фрлања. Ги искористи двете за 88-85. Тимот од Милано успеа да го одбрани нападот на гостите и дојде до победата.

ПретходноПолувреме во Ереван: ВАР ни поништи гол, Ерменците многу подобри, мрежите мируваат!
СледноЧаир убедливо против Феникс, Кожув против Вардар (ФОТО)