На последниот меч од седмото коло во Супер-лигата, Пелистер ја оправда улога на фаворит против ГРК Охрид, славеше со 25-22. За избраниците на Стевче Алушовски ова беше прв пораз оваа сезона, па сега Алкалоид е сам на врвот со перфектен скор „седум од седум“ и лидер на табелата.
Прво име на теренот беше капитенот Филип Кузмановски, постигна десет гола. Зад него беше Павле Атанасијевиќ со четири. Кај гостите по пет погодоци имаа Матцуока и Ојлески.
Охриѓани имаа сили некаде до пред средината на првото полувреме кога домашниот тим со серија од 5-0 поведе со 9-4. Гостите дојдоа на минус два (9-7 и 10-8), но битолчани на одморот се погржија да имаат предност од пет гола (14-9).
Во продолжение доминираше само едно име – Пелистер. Бранителот на титулата рутински го приведе мечот во своја корист, на другата страна охриѓани успеаја да го ублажат поразот.