Покетино ја врати надежта кај Американците: Беше тешко, но чувството е одлично!

122

Маурисио Покетино со победа го започна својот мандат како селектор на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, неговиот тим славеше против Панама со 2-0 во пријателскиот натпревар. Поранешниот тренер на Тотенхем, ПСЖ и Челзи минатиот месец се договори со САД, тимот кој победи само на една од последните седум натпревари.

Тој ќе ги предводи Американците до Светското првенство во 2026 година, чиј домаќин е заедно со Канада и Мексико.

„Чувството е многу добро. Ова беше многу тежок натпревар за нас. Градиме нешто, одиме малку по малку. Целта е 2026 година, но мислам дека треба да бидеме среќни бидејќи бевме солидни, многу професионални и конкурентни. Но тоа е само првиот чекор за подобрување“, изјави 52-годишниот Покетино по натпреварот.

ПретходноНа Пикси му засметаа скандирањата од трибините: Некој ако може да ми објасни, бидејќи не ги разбирам!
СледноПерез направи отстапка за Мбапе како за ниту еден друг фудбалер