Полувреме во Ереван: ВАР ни поништи гол, Ерменците многу подобри, мрежите мируваат!

160

Заврши првото полувреме од мечот во Ереван во Ц Лигата на Нации меѓу Ерменија и Македонија. Резултатот е 0:0, иако треба да се каже дека ние преку Серафимов во 5.минута поведовме, но ВАР по цели три минути разгледување на снимката сепак го поништи тој гол поради офсајд.

Реално Ерменија имаше неколку закани, домашните беа поопасни, Спертсјан во три наврати и Бичакчјан, како и Зеларјан шутираа, но сепак мрежата на Столе Димитриевски не се тресеше, па така на пауза се замина со тие почетни 0:0. Екс вардарецот Миранјан во 45+2.минута имаше голема шанса за водство, но имавме среќа.

Од она што можеше да се види, се чини дека, барем во првото полувреме, Македонија игра(ше) на реми. Јасно е дека и тој бод за нас ќе биде добар исход од овој меч.

Звучи чудно, но Македонија во првото полувреме не упати ниту еден удар кон домашниот гол, ако не се смета поништениот гол на Серафимов.

ПретходноРустемовски запрен во осминафиналето на ЕП во Бугарија
СледноОлимпија Милано ја доби драмата со Бреша, Димитријевиќ испорача 15 поени!