Поранешен “вардарец“ ГРИЗНА противнички ракометар и доби син картон! (ВИДЕО)

103

Хаос во големото ракометно дерби во Полска меѓу Висла Плоцк и Киелце, кое на крајот го добија домашните со 29:25.

Како што и секогаш кога играат овие две екипи, така и денеска во домашниот шампионат, тензии, грубости ни и гризење.

Како Луис Суарез да се појави во ракометна Полска.

А “канибалот“ беше некогашниот “вардарец“ Хорхе Македа, сегашен ракометар на Киелце, кој во еден момент при голема борба го ГРИЗНА домашниот ракометар Мирсад Терзиќ и по неколку минутно гледање на снимката, одлучено беше на Македа да му се додели син картон.

Ова значи дека Шпанецот го чека подолга суспензија.

ПретходноСтруга го победи Радовиш во дербито на дното!
СледноМакедонија во битка и за 1,5 милиони евра!