Попладнево се одиграа две пријателски средби во Тетово и во Скопје. Во градот под Шара, на стариот стадион, Шкендија со 4:3 го победи второлигашот Арсими. Во 89.минута резултатот беше 3:3, но тогаш Ибраими стрелаше за победа од 4:3.
Претходно головите за Шкендија ги постигнаа Љатифи, Шаља и Јакупи, а за Арсими стрелци беа Љутвиу, Шаќири и Шефити.
На Автокоманда во Скопје, Шкупи со 2:0 го победи косовскиот суперлигаш Лапи. Стрелци на головите за чаирчани беа Гуеје и Георг Стојановски.