Јаник Синер со одличен настап успеа да го победи Новак Ѓоковиќ во финалето и со тоа да го освои Мастерсот во Шангај. Значи ништо од јубилејниот 100-ти трофеј во кариерата или прв оваа сезона, ако не се сметаат ЛОИ во Париз.
Интересно финале, пред се во првиот сет, за да во вториот Италијанецот покажа зошто во моментов е бр.1 во светот на тенисот.
Инаку ова финале во Шангај од ложата го следеа и Роџер Федерер и Карлос Алкараз, секако дека во одредени моменти и дискутираа за тоа што го гледаат на теренот, но веројатно и за некои други теми.
Минатото и сегашноста, Роџер и Карлито.
За крај да кажеме дека Швајцарецот беше спедцијален гостин на овој турнир а Шпанецот пак загуби во 1/4 финалето од Томаш Махач.