Еден од најдобрите македонски боксери во моментов, Ален Рустемовски, не успеа да го помине осминафиналето на Европското првенство за боксери до 23 години кое се одржува во Софија, Бугарија.
Денеска во осминафиналето во категоријата до 57 килограми, Рустемовски на поени беше поразен од Ирецот Рајан Гевин Шејн со што ги заврши настапите на ЕП со една победа, онаа во првото коло.
Претходно поразен беше и Ружди Рустемовски кој во категоријата до 60 килограми се појави во осминафиналето против Џек Драјден од Англија и очигледно немаше шанси за успех.