Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Шангај, откако славеше со 2-0 по сетови 7-6 и 6-3. Светскиот тенисер број еден уште еднаш ја потврди својата класа. Ова беше нивна осма пресметка, а меѓусебниот скор по овој меч е 4-4.
Синер не му дозоволи на Ѓоковиќ да дојде до 100 трофеј во неговата кариера и да освои турнир оваа година. Клучен беше вториот сет во кој отвори моќно, поведе со 4-1, Ноле не успеа да се врати, на крајот Италијанецот сетот го доби со 6-3.
Првиот сет го доби италијанскиот тенисер со 7-6 (7/4) после тај-брејк. И двата тенисери не погрешија на свој сервис.
A Sinner stunner 🤩@janniksin unleashes a forehand and secures the first break of the final! #RolexShanghaiMasters pic.twitter.com/XQ7qNyetru
— Tennis TV (@TennisTV) October 13, 2024