Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Ереван ја оствари и третата победа во групата „4“ од Б-сегментот во Лигата на нации. Победата од 2:0 на гостувањето против еден од главните конкуренти ни го обезбеди првото место во групата, кое треба да го потврдиме со последните две ноемвриски средби во Скопје.
Момците на Милевски со трите последователни победи без примен гол само потврдија дека влегуваат во победнички ритам. Секоја чест!