Шпанското репрезентативно крило Ламине Јамал заработи повреда на натпреварот од Лигата на нации против Данска. 17-годишниот напаѓач не остана на теренот до крајот на натпреварот. Во дополнителното време тој беше заменет со Серхио Гомеш.
Јамал постојано беше прогонуван и фаулиран од данските дефанзивци. На крајот тренерот Луис де ла Фуенте реши да не ризикува и го извади младиот фудбалер од игра.
🚨¡Lamine Yamal enciende todas las alarmas!
👀El jugador del Barcelona abandona el Enrique Roca cojeando de la pierna izquierda debido a una sobrecarga
📹@matoribio85 pic.twitter.com/KC5PR0ES3r
— Radio MARCA (@RadioMARCA) October 12, 2024
Медиумите открија дека Јамал го напуштил стадионот куцајќи. Сепак, не се работи за сериозна повреда и се очекува да биде на располагање за натпреварот против Србија на 15 октомври.
Од почетокот на сезоната, крилниот напаѓач на Барселона постигна 5 гола на 14 натпревари во сите натпреварувања.