На денешен ден пред 31 година почна приказната наречена – Фудбалска репрезентација на Македонија. На 13 октомври 1993 во Крањ, Македонија ја одигра својата прва средба како самостојна репрезентација и тоа на гости кај Словенија, во пријателски меч победивме со 1:4.
Во тој период од 31 година, Македонија во 2021 играше и на ЕП, и беше на чекор, само 90 минути, до пласман и на СП.
Сепак, тоа е историја, да се вратиме на денешнината.
А денеска во Ереван од 18 часот нашата најдобра репрезентација ќе го одигра својот 288 официјален натпревар во својата историја и против Ерменија ќе оди по 90-тата победа.
Играме со Ерменија, селекција која полека, но сигурно ни станува „пациент“. На последните три средби сме победиле трипати со гол разлика 10:1.
Ерменија ни е како судбина, сме одиграле 14 натпревари, најмногу во својата историја. Имаме седум победи, три ремија и 4 порази.
Минатиот месец славевме во Скопје со 2:0, минатата година во пријателски меч победивме во Струмица со 3:1, сепак највпечатливо беше на 11.11.2021 кога среде Ереван победивме со 0:5 а МАЕСТРО Барди беше стрелец на хет – трик. Нашиот сегашен капитен тогаш за првпат ја носеше лентата и одигра маестрално.
Нека биде така и денеска, па и не мора со 0:5, доволно е и 0:1.
Напред Барди, напред МАКЕДОНИЈА!