Англија во третото коло од групата 2 од Лигата Б ја совлада Финска на гости со резултат 3:1. „Горди Албион“ брзо реагираше по шокантниот пораз од Грција и со сигурен триумф го задржа чекорот со грчката селекција.
Англија поведе во Хелсинки со голот на Џек Грилиш во 18. Минута. Трент Александер Арнолд го удвои водството по одличниот слободен удар во 74. Минута, додека на 3:0 зголеми Деклан Рајс во 84. Минута. Конечниот резултат го постави Арта Хосконен во 87. минута.
Англија со вечерашната победа се изедначи со Грција која исто така има девет бода, но и натпревар помалку.