Македонија со 0:2 со супер голот на Миовски, а потоа и со голот на Алими, успеа да слави среде Ереван над домашната селекција на Ерменија. Ова беше меч од 4.коло во Ц Лигата на Нации во групата 4. Уште еднаш не така блескава игра, но на кого му е гајле за тоа кога победуваме, а тоа вечерва го направивме по третпат во низа, кога имаме перфектен октомври со шест бода и веројатно за прво место во групата.
За првпат во историјата победуваме трипати во низа и тоа без примен гол. Ова беше осма победа во 15 меч против Ерменија и четврта во низа, очигледно е дека Ерменија ни станува редовен пациент.
Браво Македонијо!
По почетната мала иницијатива на домашните, Македонија прва се закани и тоа преку Елмас, кој продре по левата страна, но задоцни при додавањето и топката замина во корнер. Во 5.минута Серафимов постигнува гол за 0:1, но судиите во ВАР собата по цели три минути сепак на наша жал го поништи тој гол.
Тој момент како да беше знак Ерменија целосно да се отвори пред своите фанови. Инсистираше на акции и посед, имаше и неколку закани. А ние во тие моменти па се до крајот на првиот дел бевме во дефанзива, како да игравме на 0:0.
Се редеа заканите, Сперстјан двапати, Бичакчјан во три наврати, а Миранјан имаше зицер во последните секунди од првиот дел, но за наша среќа на полувреме се замина со тие почетни 0:0.
Македонија одигра лоши 45.минути, премногу им дадовме можност на Ерменците да играат.
СУПЕР ОДБРАНА НА СТОЛЕ! УФ, КАКОВ ШУТ НА БАРДИ ОД СЛОБОДЕН УДАР
Второто полувреме започна со супер шанса за домашната селекција. Тикнизјан во 48.минута му асистираше на Миранјан, овој шутираше а Столе Димитриевски со фантастична одбрана спасува чист гол. Браво за Столе, мајсторија од негова страна.
Во 54.минута тројна замена од страна на селекторот Благоја Милевски, кој очигледно беше дека не е задоволен од тоа што гледа. Па затоа и реагираше. Во игра влегоа Ќамили, Костадинов и Дарко Велковски.
А ние и натаму немаме удар кон противничкиот гол.
Сепак успеавме колку толку да ја запреме почетната агресија на Ерменија, со замените и малите паузи им го скршивме ритамот на домашните фудбалери.
И тогаш дојде таа 63.минута кога Барди од слободен удар од десно, прекрасно шутираше, но голманот Чанчаревиќ со прекраскна парада ја одби таа топка, на нејзе натрча Велковски, но не успеа да ја смести во мрежата на Ерменците. Штета, голема штета. Бевме блиску до водство.
И дефитивно Македонија делува подобро од пред неколку мигови, почнавме да играме посигурно, делувавме подобро. Очигледно замените вродија со плод.
ГООООООЛ…. МАЈСТОРИЈА НА СУПЕР БОЈАН
И тогаш дојде таа 72.минута кога Елмас и Алиоски комбинираа по лево, сепак ништо од тоа, но потоа Алими додаде до Миовски кој од десно од околу 15 метри постигна фантастичен гол за водство на Македонија.
Браво за Миовски, браво за Македонија. Така се игра, и кога не блескаш да даваш голови.
Неколку минути подоцна имавме среќа, уште еден екс – вардарец Дашјан опасно се закани, но неговиот шут беше блокиран, имавме среќа.
И тоа не беше се од Македонија. Алими во 85.минута успеа да стрела во мрежата на Чанчаревиќ.
Претходно повторно Алиоски и Елмас одлично искомбинираа.
Браво за сите тројца, Македонија има 0:2.
СИТЕ ГОЛОВИ – ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0:2
Ц Лига на Нации, група 4
ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0:2 (0:0)
Стадион “Вазген Саргсјан“ во Ереван. Судија: Стјуарт Етвел (Англија). Стрелци: Миовски 72., Алими 85. (МАК).
ЕРМЕНИЈА: Чанчаревиќ, Хофханисјан (74. Хофјанесјан), Мурадјан (81. Манелвјан), Харојан, Калисир (65. Харутунјан), Тикнизјан, Иву, Спертсјан, Бичакчјан (74. Севикјан), Зеларјан, Миранјан (65. Ранос).
Селектор: Олександар Петраков.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Димоски (54. Ќамили), Алиоски, Серафимов, Манев (54. Велковски), Зајков, Алими, Барди (86. Ашковски), Атанасов (54. Костадинов), Елмас, Миовски (79. М. Ристовски).
Селектор: Благоја Милески.