Последните вести од Мадрид велат дека Лука Модриќ нема да заврши во Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Имено него договорот со “кралевите“ му истекува во следниот јуни, оној едногодишен договор кој го потпиша пред стартот на оваа сезона. Веќе се говори и тоа од извори од Реал, барен според пишувањето на медиумите блиски до “кралевите“ дека на Хрватот, кој во меѓувреме стана легенда на клубот, ќе му биде понуден уште едногодишен договор до јуни 2026 година.
Ова за Лука е идеално. Прво би се простил од Реал а потоа ќе игра со Хрватска на СП во јуни-јули таа 2026 година и тоа ќе биде крај на неговата блескава кариера.
Ако биде вака, тогаш Лука Модриќ во Реал Мадрид ќе заврши со 14 одигра сезони и многу, многу титули.
Засега со 27 титули е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид.