Кукуреља: Ги намокрив гаќите од страв дека ќе судат пенал за Германија!

332

Мина три месеци од 1/4 финалето на ЕУРО 2024 и онаа скандалозна одлука во корист на Шпанија иако цел свет виде дека Марк Кукуреља играше со рака во својот шеснаесетник. Тогаш не беше досуден пенал за Германија, Шпаниците се провлекоа и на крајот успеаја да го освојат ЕП. Дури по три месеци сега и од УЕФА признаваат дека тоа било чист пенал за Германија, но се е бадијала.

Инаку за „Газета дело Спорт“ свој искрен коментар околу тоа деновиве имаше токму Кукуреља:

Господе, каков страв. Ги намокрив гаќите од страва дека судијата ќе покаже пенал. Си реков: Биди мирен, опушти се. Но, не бев мирен се додека натпреварот не продолжи. Сега велат дека било пенал, за што? Вистинскиот проблем е што има конфузија околу правилата“ констатира левиот бек на селекцијата на Шпанија и на Челзи.

Инаку судија на тој меч беше Англичанецот Ентони Тејлор, кој во консултација со ВАР собата сепак не покажа на белата точка во корист на Германија.

ПретходноДобива уште еден едногодишен договор: Модриќ во Реал Мадрид до јуни 2026?!
СледноГо отпишаа пред стартот на финалето: Ни самиот Ѓоковиќ не се сеќава кога бил вака потценет!