Пелистер не дозволи изненадување, Алкалоид остана единствен со перфектен скор!

138

На последниот меч од седмото коло во Супер-лигата, Пелистер ја оправда улога на фаворит против ГРК Охрид, славеше со 25-22. За избраниците на Стевче Алушовски ова беше прв пораз оваа сезона, па сега Алкалоид е сам на врвот со перфектен скор „седум од седум“ и лидер на табелата.

Прво име на теренот беше капитенот Филип Кузмановски, постигна десет гола. Зад него беше Павле Атанасијевиќ со четири. Кај гостите по пет погодоци имаа Матцуока и Ојлески.

Охриѓани имаа сили некаде до пред средината на првото полувреме кога домашниот тим со серија од 5-0 поведе со 9-4. Гостите дојдоа на минус два (9-7 и 10-8), но битолчани на одморот се погржија да имаат предност од пет гола (14-9).

Во продолжение доминираше само едно име – Пелистер. Бранителот на титулата рутински го приведе мечот во своја корист, на другата страна охриѓани успеаја да го ублажат поразот.

ПретходноЧаир убедливо против Феникс, Кожув против Вардар (ФОТО)
СледноМиовски „тресе“ во Ереван, Македонија води 0-1 (ВИДЕО)