Струга го победи Радовиш во дербито на дното!

17

Денеска во Струга, во меч од 7.коло во ракометната Суперлига, домашниот состав на Струга со 30:25 успеа да го победи Радовиш во меч кој може да се нарече дерби на дното ако се знае дека ова беше дуел на двете последнопласирани екипи на табелата во пресрет на ова коло.

Ова беше рутински триумф на домашните кои во текот на целиот меч беа подобри, ја имаа контролата на настаните на теренот и на крај заслужено победија.

Првиот дел го добија со 15:9 и тука се реши прашањето околу победникот на оваа средба. Во продолжението, посебно во последната фаза од мечот, кога се беше готово, Струга како да се опушти а тоа го искористи тимот на Радовиш да го ублажи поразот, добивајќи го второто полувреме со еден разлика 15:16.

Во победничкиот состав Костоски и Мијушковиќ постигнаа по седум голови, додека кај поразениот тим Атанасов со пет гола беше најефикасен.

Инаку ова беше втора победа на Струга во изминатиот дел од сезоната, додека Радовиш има седум порази во исто толку одиграни мечеви.

Претходно“Бомба“: Некогашен тренер на Дортмунд е главен кандидат за клупата на Јунајтед?!
СледноПоранешен “вардарец“ ГРИЗНА противнички ракометар и доби син картон! (ВИДЕО)