Ракометарките на Чаир остварија и втора победа над екипата на Каерженг во рамките на 1. коло од ЕХФ Евро купот и обезбедија пласман во следната рунда. Вечерва на домашен терен Чаир го совлада Каерженг со 32:26 со што потврди дека победата на првиот меч на гости не беше случајна.
Чаирчанки во најголемиот дел од натпреварот беа во солидно водство, но кон средината на вториот дел гостинките за момент се вратија на минимална негатива. Сепак, во завршницата Чаир повторно го засили темпото и дојде до убедлив триумф.
Галицоска постигна 8 гола и беше најефикасна кај нашит тим, а одлично издание имаа и Диневска со 6 и Дуковска со 5 гола.