Чаир убедливо против Феникс, Кожув против Вардар (ФОТО)

65

Екипата на Чаир го запиша вториот триумф во новата сезона, откако на гостувањето кај Феникс славеше со убедливи 73-93. На другата страна за домаќинот ова беше втор пораз на стартот.

По изедначно прво полувреме во кое гостите водеа минимално 38-40, кошаркарите на Чаир го подигнаа нивото на игра во второто полувреме, беа подобри со 35-53 за важни бодови, кои сега ги лансираа како лидер на тебелата.

Кирк имаше 21 поен, додека пак Ролинс запиша 20 кај победникот. На другата страна Грант запиша 23 поени.

До победа дојде и Кожув, прва оваа сезона, го совлада Вардар со 87-75 на домашен терен. Стевановиќ го предводеше составот на гевгеличани со 25 поени, Пилепиќ имаше 23 поени. Во редовите на Вардар Хемптон имаше 27 поени и 9 скока.

ПретходноОлимпија Милано ја доби драмата со Бреша, Димитријевиќ испорача 15 поени!
СледноПелистер не дозволи изненадување, Алкалоид остана единствен со перфектен скор!