Десниот бек на Челзи, Рис Џејмс конечно почна да тренира со остатокот од тимот.
Откако летово заработи нова повреда, тој до денеска не тренираше со соиграчите, а Челзи денеска ја сподели убавата вест – „се врати“.
Во текот на минатата сезона тој поради повреди забележа само 10 настапи во Премиер лигата, а Енцо Мареска се надева дека конечно повредата е минато и дека ќе биде подготвен да му помогне на тимот во наредниот период.
Џејмс ја влече повредата на тетивата од декември 2023 година, кога паузираше до мај. Потоа повторно се повреди и повторно мина низ пеколот кој трае до денес.