Се чини дека чекањето заврши, Балотели се враќа таму каде што му е срцето

424

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели се уште чека на нов ангажман и подолг период е без клуб, но нема намера да се откаже од сериозниот фудбал.

Со Балотели се поврзуваа многу клубови, а италијанските медиуми сега пренесуваат интересна вест. Легендарниот напаѓач би можел да се врати во Серија А, а блиску е до договор со тимот на Џенова.

Балотели и Џенова веќе ја завршија првата рунда преговори, а некои медиуми одат дотаму што велат дека популарниот „Супер Марио“ би можел да потпише договор до крајот на неделата.

Наводно Џенова подготвила договор 1+1, на една година со можност за продолжување на уште една година.

Балотели и претходно изјави дека сака да се врати во Серија А, но летово немаше понуди, повеќето беа понуди надвор од Европа.

Се зборуваше за одење во Кина, Саудиска Арабија, дури и во Индија, но Балотели упорно чекаше покана од Италија и се чини дека дојде.

Дали ќе се реализира истиот трансфер ќе видиме до крајот на неделата, интересот е таму, преговорите се веќе долг пат.

ПретходноЈамал ја напушти „Фуријата“ и кратко се огласи
СледноГерманија после 2026 година можеби ќе треба да бара нов селектор