Шлагот на вечерта во ЛН: Германија – Холандија и Белгија – Франција

62

Вечерва се играат натпревари од Лигата на нациите, а два дерби натпревари се на програмата. Во А сегментот, на „Алијанц арената“ се соочуваат Германија и Холандија. Двете екипи беа одлични во досегашниот дел од ЛН, па затоа ова е важен меч за исчекор кон врвот во групата.

Германија е лидер со 7 бодови, а Холандија има пет бодови па со победа ќе се искачи на чело. Нивниот претходен меч во ЛН заврши 2:2.

Холандија ќе биде без клучниот играч во одбраната Виргил ван Дајк поради суспензија. А Мики ван де Вен се очекува да биде стартер како лев бек поради отсуствата на Аке, Тимбер и Хартман поради повреди.

Кај Германија ќе ги нема Јамал Мусиала и Каи Хаверц.

Во Брисел ќе играат Белгија и Франција. По три меча Франција е втора со шест бодови (еден помалку од лидерот Италија). Белгија е трета со четири бодови.

Претходниот меч меѓу овие два тимови Франција победи со 2:0. А пред тоа овие две репрезентации се соочија и во осминафиналето на ЕП и тогаш победија Французите со 1:0.

ВЕЧЕРВА

18:00 ч.
АЗЕРБЕЈЏАН – СЛОВАЧКА
ГРУЗИЈА – АЛБАНИЈА

20:45 ч.
БЕЛГИЈА – ФРАНЦИЈА
БИХ – УНГАРИЈА
ИТАЛИЈА – ИЗРАЕЛ
ГЕРМАНИЈА – ХОЛАНДИЈА
ИСЛАНД – ТУРЦИЈА
УКРАИНА – ЧЕШКА
ВЕЛС – ЦРНА ГОРА
ЕСТОНИЈА – ШВЕДСКА

 

ПретходноДавид Алаба може да стави крај на кариерата?
СледноЧеферин: Од бројот на натпревари се жалат оние со најголеми плати и со најмногу играчи