Барселона објави дека Ламин Jамал не е сериозно повреден, откако тестовите потврдија само истегнување на левата тетива. Тој беше подложен на тестови по заминувањето од репрезентацијата по натпреварот против Данска во Лигата на нации.
Шпанската репрезентација соопшти дека 17-годишниот напаѓач е вратен во својот клуб за да се избегне ризикот од влошување на повредата. Барселона не соопшти кога очекува Јамал да се врати на теренот.
Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, наместо Јамал за утрешниот меч со Србија го повика напаѓачот на Атлетико Мадрид, Родриго Рикелме.