Експертите прогнозираат: Оклахома ќе биде еден од фаворитите во НБА оваа сезона

45

Чендлер Парсонс и Лу Вилијамс прогнозираат дека Оклахома ќе биде еден од фаворитите во новата НБА сезона.

„Тие ја имаат главната ѕвезда Шej Гилџес-Александер. Со него се и ѕвездите Џејлен Вилијамс и Чет Холмгрен. Кога ја имате таа инфраструктура и комплементарни компоненти, играчи како Ајсаја Џо и Лу Дорт веќе сте голем тим. Го загубија само Џош Гиди. И наместо тоа ги добија Алекс Карузо и Исаја Хартенштајн. Би било тешко да се најдат подобри играчи за овој тим. Тоа се ветерани кои ја знаат играта на своите позиции. Овие момци се совршено надополнување на младите, идни ѕвезди. Беа блиску да бидат најдобриот тим во конференцијата минатата година. Сега со млад тренер тоа можат да го постигнат“, смета Парсонс.

ПретходноОбјавени номинациите за најдобри атлетичари во 2024 година
СледноГерманија им се заблагодари на Нојер, Милер, Крос и Гундоан