Американскиот бек, Брајан Антоан е максимално скромен иако беше херој во триумфот над МЗТ Скопје. Пелистер по огромна битка успеа да слави над шампионот со минимални 68-67, со што битолчани останаа со максимален ефект по првите две кола од стартот на Првата лига.
Дербито беше израмнето од почеток до крај, а улогата на херој му припадна на Антоан. Американецот ја презеде одговорноста во клучните моменти и ги постигна победничките поени на четири секунди до крајот. Мечот со 16 поени и 6 скокови.
„Ова беше одличен меч меѓу две квалитетни екипи, за нас беше многу значајна поддршката од навивачите, кои ни дадоа сила во клучните моменти. Исто така, нашиот тренер беше максимално мотивиран, што ни даде доплнителна енергија во текот на целото дерби, вклучувајќи ја и завршницата. Можеби јас ги дадов клучните поени, но оваа победа е колективна, секој од нас го даде максимумот за да се стигне до резултатот што го посакувавме. Прекрасно беше чувството да се слави на еден ваков натпревар пред нашите верни навивачи, се надевам на многу вакви моменти и во иднина“, истакна Антоан.