ЛН: Германија подобра од Холандија, Франција со десетмина славеше во Брисел

29

Во вториот натпреварувачки ден од 4-тото коло во Лигата на Нациите имавме можност да видиме многу интересни натпревари и очекувани победи на фаворитите.

Во групата Б во А дивизијата, Франција ја совлада екипата на Белгија со 1:2 и Италија славеше против екипата на Израел со 4:1. Стрелци на головите на првиот натпревар беа Коло Муани за Франција и Опенда за Белгија, додека пак на вториот меч стрелци беа Ретеги, Ди Лоренцо, Фратези и Абу Фани.
Во групата Ц во А дивизијата, Германија беше подобра од Холандија со 1:0, а Унгарија ја совлада Босна и Херцеговина со 0:2.

Во натпреварите од Б дивизијата можевме да видиме натпревари со многу голови во кои Турција славеше против Исланд со 2:4, Украина и Чешка ремизираа 1:1 и Велс беше подобар од Црна Гора со 1:0.

Во единствениот натпревар од Ц дивизијата Шведска ја совлада Естонија со 0:3.

ПретходноСуперлигата повторно во акција: Стартуваме во 2025!
СледноКонечно, Рис Џејмс се врати на тренинзи