Модриќ во сабота ќе урне неверојатен рекорд стар 58 години

1003

Хрватскиот фудбалски ас Лука Модриќ во сабота на 19 октомври ќе има 39 години и 40 денови. Тој ден Реал Мадрид ќе игра против Селта во Виго. А Модриќ против Селта ќе го претекне Ференц Пушкаш и ќе стане највозрасен фудбалер кој играл за Реал Мадрид. Хрватот ќе урне рекорд стар 58 години.

Поранешниот фудбалер Пушкаш последниот меч за Реал го одиграл на 8 мај 1966 година против Бетис во Купот на кралот со 39 години и 36 денови. Во сабота Модриќ и официјално ќе го помине легендарниот напаѓач.

Оваа сезона Модриќ стана реалов рекордер по број на освоени трофеи (27), меѓу кои се и шест европски и четири во Ла Лига и два во Купот на кралот. За Реал иома 546 натпревари.

ПретходноЧеферин: Од бројот на натпревари се жалат оние со најголеми плати и со најмногу играчи
СледноКапошвар и на реваншот со Струмица в среда без кинеското засилување