Во тесен натпревар од 3. коло на АЦБ лигата, Барселона на гостински терен го совлада Тенерифе со 95:91, а натпреварот го одбележа една бизарна ситуација во последната четвртина. Откако судијката Алкараз му досуди фаул на кошаркарот на Барселона, Дарио Бризуела, тој и приговори и лесно ја плесна со раката по задникот додека минуваше.
Ова често си го прават соиграчите, дури и противниците ако добро се познаваат, но не се сеќавам како видовме играч, човек да му прави такво нешто на судијата. Алкараз не изреагира, ниту пак имаше некаква казна за него. Сепак, потегот кој го изведе стана вирален, а можете да го погледнете ТУКА.