Објавени номинациите за најдобри атлетичари во 2024 година

20

Светската атлетска федерација објави листа на имиња кои ќе се борат за титулата најдобри спортисти на годината во техничките дисциплини.

Номинирани за титулата најдобра атлетичарка за 2024 година се:

Валари Алман (САД, олимписка шампионка, фрлање диск);

Тара Дејвис (САД, олимписки шампион, скок во далечина);

Нина Кенеди (Австралија, олимписки шампион, скок со стап);

Јарослава Магучих (Украина, олимписки шампион, скок во височина);

Нафисату Тиам (Белгија, олимписки шампион, седмобој).

Номинирани за титулата најдобар атлетичар за 2024 година се:

Рајан Краузер (САД, олимписки шампион, ѓуле);

Хордан Алехандро Дијаз Фортун (Шпанија, олимписки шампион, трискок);

Арманд Дуплантис (Шведска, олимписки шампион и рекордер, скок со стап);

Итан Кетсберг (Канада, олимписки шампион, кладиво);

Митијадис Тентоглу (Грција, олимписки шампион, скок во далечина).

ПретходноМакедонските пингпонгари утре почнуваат со настап на ЕП во Австрија
СледноЕкспертите прогнозираат: Оклахома ќе биде еден од фаворитите во НБА оваа сезона