Од Полска доаѓаат неверојатни инфорамции. Дербито меѓу Висла и Кјелце во рамките на тамошната ракометна лига мина со скандалозни обвиненија. Тензииите на теренот и бројните исклучувања доволно говорат за пресметката меѓу овие два тима. Пообедата ја однесе тимот од Плоцк кој славеше со 29-25.
Но, се чини главната пресметка ја имаа двајцата тренери. Според Талант Душебаев, предводникот на Висла, Хавиер Сабате по мечот му порачал дека е „е*ан Кинез“. Овој потег на тренерот на домаќинот дошол откако претходно Душебаев го плукнал.
Но, спред Кјелце на ова гостување имало вулгарни напади, вклучително и расистички, редовно беа упатени кон Дилан Нахи, како и кон Томаш Гебала.
„Како клуб сакаме да истакнеме дека ваквото расистичко или етничко однесување и напади се неприфатливи во професионалниот спорт на највисоко ниво. Спортот треба да обединува, а не да ги засилува разликите. Ќе бараме темелно објаснување на ситуацијата од страна на надлежните органи на лигата, која никогаш не требаше да се случи за време на натпреварот од осмото коло на Супер лигата помеѓу Орлен Висла и Кјелце“, се вели во соопштението на Кјелце.